Тотенхем подготви ЖЕСТОКА казна за Хари Кејн

Првата ѕвезда и капитен на англискиот премиерлигаш Тотенхем предизвика скандал во неделата, откако одби да се појави на тренингот на клубот од Лондон.

Најдобриот ангилски напаѓач во понеделникот наутро требаше да им се врати на клупските обврски после одморот, но тоа не се случи, а неговата порака е јасна – сака да си замине!

Сепак, раководството на клубот засега нема намера да се раздели со него и наводно, првиот човек на клубот Даниел Леви подготвил жестока казна, но се уште не е познато за каква казна станува збор.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.