Последното коло во англиската Премиер лигата, традиционално, не изостана возбуда. Најголем лузер дефинитивно е Лестер кој вечерва во два наврати имаше водство против Тотенхем, но клубот од Лондон направи пресврт и стигна до убедлива победа 2-4.
Иронично, најмногу на оваа победа на Спарси се радуваа навивачите за нив омразениот Челси, кој и покрај поразот кај Астон вила (2-1) се пласираше во Лигата на шампионите, исто како и Ливерпул кој си ја заврши работата на „Енфилд“ каде што го совлада Кристал палас (2-0).
Па така, после 38 кола, Сити е прв со 86 бодови, Јунајтед втор со 74, трет е Ливерпул со 69 бодови, два повеќе од Челси, додека Лестер е петти со 66 собрани поени.