Толку беше: Кастратовиќ си заминува од Металург

Зоран Кастратовиќ според последните информации си поднел оставка од позицијата тренер на Металург.

Искусниот стратег пред нешто повеќе од еден месец седна на клупата на Металург. Неофицијално причина за ваквата одлука е недоразбирањата со дел од ракометарите.

Останува да видиме дали раководството на клубот ќе ја прифати оваа оставка. Металург сезоната ја започна со српскиот тренер Дамир Стојановиќ кој си замина по само неколку кола од Суперлигата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .