Овој ден дефинитивно со златни букви ќе биде запишан во историјата на островската држава од Северна и Централна Америка на Олимписките игри во Токио, откако Флора Дафи од Бермуда го освои олимпиското злато во триатлон!
Дафи по влегувањето во целта беше совладана од емоциите, а овој момент е најголем успех во историјата на оваа островска држава која бро околу 60.000 жители.
Таа пливањето, трчањето и возењето велосипед го заврши со време од 1:55:36. Сребрена беше Британката Џорџиа Тејлор Браун, додека со бронзата се закити Американката Кети Заферес.