Тиквеш прволигаш после 17 години: Силекс со Вардар во втората лига!

Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци после 17 години се врати во Првата македонска лига откако во бараж – мечот одигран во Скопје, сензационално го совлада кратовски Силекс минимално со голот на Спахиу во 54. минута.

Ова е големо разочарување за фудбалерите на Силекс кои пред нецела недела го освоија Купот на Македонија. На другиот бараж – дуел, играчите на Ренова по пенал рулетот го совладаа Охрид.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .