Тандемот Халанд – Санчо го „полуде“ Лајпциг: „Милионерите“ го освоија Купот на Германија! (ВИДЕО)

Борусија од Дортмунд по пауза од четири години повторно го освои Купот на Германија, откако во финалето во Берлин го „размонтираше“ Ред Бул Лајпциг кој ќе мора да почека за првиот трофеј во клупската историја (1-4).

„Биковите“ уште долго ќе го сонуваат тандемот Халанд – Санчо кој постигна по два погодци, а англискиот репрезентативец запиша и една асистенција.

Воопшто не би било фер ако не го пофалиме вечерва фантастичниот Марко Ројс кој одигра одличен натпревар и беше еден од најзаслужните за победата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .