Талески и Пешевски ремизираа

Во германското ракометно првенство екипите на Балинген и Штутгарт одиграа нерешено (25-25). За нас овој натпревар беше интересен поради фактот што двајца наши репрезентативци се судрија еден против друг.

Станува збор за Филип Талески и Жарко Пешевски. Мечот мина во израмнета игра, а Балинген стигна до ремито благодарение на голот на Томан на 14 секунди до крајот. Што се однесува до играта на нашите ракометари, подобар беше Пешевски кој постигна четири погодоци, додека Талески постигна само еден погодок.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .