Тадиќ доби НЕВИДЕН договор од Ајакс: Ќе остане во Амстердам до 2027!

Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ комплетно се пронајде во Ајакс. Офанзивниот фудбалер минатото лето ја одби понудата на Барселона, ова лето таа на Милан, а сега легендарниот Марк Овермарс, спортскиот директор на холандскиот првак одлучи – да го награди за верноста со нов договор!

Не е дека му завршува договорот (актуелниот му истекува во 2023), сепак Ајакс е голем клуб кој ги цени своите легенди, несомнено Тадиќ е една од нив!

Имено, според новиот договор поранешниот фудбалер на Саутемптон ќе остане играч на Ајакс се до 2024 година, кога веќе ќе има 36 години, а потоа ќе добие функција во клубот, најверојатно како тренер на младите категории каде што ќе остане барем до 2027 година.

Очекувањата се дека новиот договор ќе биде потпишан до крајот на неделата, што значи дека Тадиќ ќе остане член на клубот од Амстердам до крајот на кариерата. Тој на 149 натпревари за Ајакс постигна 76 голови и асистираше на уште 70.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .