Францускиот првак ПСЖ му се одмазди на минхенски Баерн за поразот во минатогодишното финале од Лигата на шампионите, откако вечерва во елитното натпреварување ги елиминираше Баварците со вкупен резултат 3-3, но „светците“ одат во полуфиналето поради повеќе гпостигнати олови на гостински терен.
Се уште актуелниот европски првак поведе во вистинско време, во 40. минута преку Чупо – Мотинг, но тоа беа се што направија, па и покрај победата од 0-1 беа елиминирани. ПСЖ од друга страна одигра одличен натпревар, заслужи да постигне и погодок, но немаа среќа, а доказ за тоа се трите стативи на Нејмар за пет минути.
„Светците“ во полуфиналето ќе се судрат со подобриот од дуелот Борусија Дортмунд – Манчестер сити.