Супер-Лаутаро за голема победа на Интер и прво место во Серија А! (ВИДЕО)

Италијанскиот гигант Интер во 14. коло од Серија А на домашен терен го совлада Спал (2-1). Со оваа победа, „нераѕурите“ ја превзедоа лидерската позиција во Серија А, по киксот на Јувентус (одиграа само нерешено, на домашен терен против Сасуоло). Интер имаше одлично прво полувремеа, а на полувремето замина со водство од 2-0. Двата погодоци ги постигна неверојатниот Лаутаро Мартинез кој сезона игра во голема форма.

Во вториот дел Спал се разбуди и веќе во 50. минута преку Матиа Валоти намали на 2-1, интересно ова беше прв погодок на овој тим на гостувањата сезонава. Сепак, Конте знаеше како да го затвори мечот, па со влегувањето на Бираги, Валеро и Годин додатно ја зацврсти одбраната и стигна до важниот триумф.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .