Супер вести од Хрватска: Адеми е негативен на корона!

Загрижувачки вести пристигнаа синоќа откако тренерот на Динамо од Загреб, Зоран Мамиќ откри дека четворица фудбалери на „модрите“ се позитивни на корона – вирус.

Токму затоа на цел клуб му беше извршено тестирање и со право македонската јавност стравуваше да не испадне позитивен Аријан Адеми.

Сепак, за среќа Адеми е негативен и ќе стигне на собирот на репрезентацијата проектиран за 9. ноември во Скопје и ќе замине за Тбилиси за историскиот меч против Грузија.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .