„Суперчовекот“ Лилард не можеше сам: 55 поени НЕДОВОЛНИ за да се совладаат Нагетси! (ВИДЕО)

Вистински спектакл се одигра во Денвер доцна синоќа, каде што Нагетси дури после две продолженија успеаа да го срушат Портланд и да поведат со 3-2 (147:140).

Нестварна партија имаше плејот на Блејзерси, неверојатниот Демијан Лилард кој мечот го заврши со 55 поени, 10 асистенции и шест скокови, но и оваа негова монструозна игра не беше доволна за победа.

Кај Денвер, ништо ново, повторно во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ с о 38 поени, 11 скокови и девет асистенции.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .