„Судијата на полувремето доби повик кој не се одбива“: Од Партизан „грмат“ на судијата!

Генералниот директор на фудбалскиот клуб Партизан, Милош Вазура по вчерашното реми во вечното дерби против Црвена звезда, не го криеше незадоволството од главниот судија Новак Симовиќ, тврдејќи дека работел по налог.

„Незадоволен сум поради начинот на кој ни е одземена победата над Црвена звезда. Пред пеналот беше досуден непостоечки корнер, така ја измисли ситуацијата да покаже на белата точка. Исто така до 70. минута требаше да ги исклучи Саного и Катаи, што беше очигледно. Судијата Симовиќ ја одработи својата работа, на полувремето прими повик кој не се одбива. Му честитам на него и на неговиот нарачател“, ироничен беше Вазура во изјавата за „Telegraf.rs“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .