Судијата кој не го виде чистиот гол на Роналдо во Белград, доби отказ

Дани Макели, главниот судијата на натпреварот Србија – Португалија (2-2), кој остана запаметен по непризнатиот гол на Кристијано Роналдо, одлучи да ја прекине соработката со помошниот судија Марио Дикс.

Дикс повеќе нема да биде дел од судиската тројка после големата грешка кога не го виде голот на Кристијано Роналдо, а спорната ситуација се случи на неговата половина од теренот.

„Со години работам со Марио и ќе разбере дека ова беше тешка одлука која понатаму нема да ја коментирам“, ја пренесуваат холандските медиуми изјавата на Макели.

Дикс исто така даде изјава за медиумите.

„Големо, големо разочарување за мене, баш пред Европското првенство. Макели ми кажа дека сака да продолжи со друг помошник, затоа што била изгубена довербата во нашата соработка. Навистина се надевав на поголема поддршка и доверба после долгите години успешна соработка“, кажа Дикс.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .