Суарез со солзи во очите порача: Барса не ме ценеше, Атлетико ми ја отвори вратата! (ВИДЕО)

Луис Суарез дефинитивно беше клучниот фудбалер на Атлетико Мадрид во походот до 11. титула до која стигнаа вечерва со победата на гостувањето кај Ваљадолид, а победничкиот гол беше дело токму на уругвајскиот напаѓач (1-2).

Суарез силно беше погоден од емоциите и по натпреварот со солзи во очите уште еднаш откри дека во Барселона не го ценеле доволно.

„Барселона не ме ценеше. Атлетико ми ја отвори својата врата и секогаш ќе им бидам благодарен што веруваа во мене“, кажа Суарез.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.