СТРАШНО деби на Дончиќ на ОИ: Скоро 50 поени за убедлива победа против Аргентина!

Кошаркарската репрезентација на Словенија ја совлада Аргетнина со 118:100 во својот прв натпревар на Олимписките игри во Токио. Очекувано, лидер кај Словенците беше неверојатниот Лука Дончиќ кој имаше фантастично деби во своите први ОИ.

Плејот на Далас уфрли дури 48 поени, од кои 31 само во првото полувреме. Дончиќ фати и 11 скокови, а запиша и пет асистенции. Бројките дефинитивно ќе беа поголеми, доколку селекторот не го одмараше во последната четвртина.

Освен него, Препелиќ постигна 22 поени, додека Чанчар 12. Одлична улога имаше и центарот Тоби кој мечот го заврши со 11 поени и 14 скокови. Кај Аргентина најдобар беше легендарниот Луис Скола со 21 поен.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.