Страшно! Беше голема фудбалска надеж, а сега ќе оди 11 години во затвор: Барал платен УБИЕЦ! (ВИДЕО)

Швеѓанецот со српско потекло Илија Јурковиќ бил еден од најталентираните фудбалери во Шведска, а место да направи богата кариера тој беше осуден на 11 години затвор!

24 – годишниот Јурковиќ помагал да се изврши убиство, направил неколку тешки кривични дело, но и киднапирање! Имено, тој ги договарал цените за убиствата, а таа изнесува околу 1,5 милиони шведски круни.

Поранешниот младински репрезентативец на Шведска според наводите на тамошните медиуми бил еден од четворицата „капетани“ на мафијашкиот шеф Шихаба Ламури кој доби 17 години затвор и за кој полицијата тврди дека е еден од најопасните во Стокохолм.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.