Страшна трагедија се случи на шампионското славје на Атлетико

Атлетико Мадрид после седум години повторно стигна до титулата во Шпанија, меѓутоа синоќешното славје заврши со огромна трагедија.

Имено, 14 – годишно дете, навивач на Атлети почина во саботата откако со главата, која му била извадена од прозорот на автомобилот, удри во бетонски ѕид на еден од паркинзите кога се подготвувал за прослава на титулата.

Детето се наоѓало во комбе и мафтал со знамето на Атлетико, а последиците од ударот на главата биле тешки и за огромна жал не успеа да го преживее тешкиот удар. Лекарските служби и припадниците на Цивилната зашитата се обидувале да го оживеат, но безуспешно.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .