Страшна трагедија: Репрезентативецот Даниловски се удави во Охрид

Голема трагедија го погоди македонскиот спорт денеска. Македонскиот репрезентативец и голман на РК Охрид, Никола Даниловски беше пронајден починат.

Телото на 24 – годишниот Даниловски било пронајдено во водите на Охридското Езеро, без траги од насилство, соопштија од охридската полиција.

„Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“ , изјавија од РК Охрид.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .