Страшна повреда на Кемба Вокер (ВИДЕО)

Резултатот од натпреварот Денвер Нагетс и Бостон Селтикс (96-92), остана во втор план поради тешката повреда на најдобриот кошаркар на Селтикси, Кемба Вокер кој по само 12 минути игра мораше да го напушти паркетот.

Плејмејкерот се судри со еден свој соиграч незгодно падна и го повреди вратот. Бостон соопшти дека Вокер имал потрес на мозокот, а подоцна ќе излезат со подетални информации.

Што се однесува на самиот натпревар, Никола Јокиќ доминираше. Српскиот центар запиша нов трипл-дабл, а мечот го заврши со 18 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Кај Бостон најдобарар беше Браун со учинок од 22 поени и 10 скокови.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .