Страшна моќ има Роналдо: Ги помрдна шишињата Кока Кола, па компанијата загуби ЧЕТИРИ МИЛИЈАРДИ долари! (ВИДЕО)

Освен по головите во победата над Унгарија, еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо во центарот на вниманието на светските медиуми е поради и потегот на конференцијата за медиумите.

Имено, пред влезот во конференциската сала, Роналдо ги премести двете Кока Коли кои стоеја на масата и наместо нив стави вода, воедно им порача на присутните да пијат вода, што на сите им беше симпатично, но не и на гигантот кој има голема вредност на берзата.

Верувале или не, Кока Кола изгуби неверојатни четири милијарди долари за само неколку минути после тој потег.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .