СТОПИРАН фудбалот во Македонија: Одложени СИТЕ натпревари!

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ги одложи сите натпревари во Првата македонска фудбалска лига, поради најновите промени во законот од страна на Комисијата за заразни болести кои препорачаа ПЦР тестови најмалку 72 часа пред секој натпревар на терет на клубовите кои веднаш побараа одложување.

„Поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари,  натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела)“ велат од Комисијата за натпревари при ФФМ.

ФФМ им даде поддршка на клубовите и побара измени во протоколите.

„Доколку протоколите останат вакви какви што се јасно е дека апсолутно не е можно продолжување на фудбалската игра за поголемиот дел од клубовите партиципиенти дури и во најквалитетните две домашни лиги. Токму поради тоа бараме измени во протоколите, со што би се овозможило продолжување на фудбалот како секаде во светот“, порачаа од ФФМ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .