Стигна првата официјална понуда за Агуеро и тоа од Серија А

Легендата на Манчестер сити, Серхио Агуеро после десет години поминати во клубот од „Етихад“, на крајот од сезоната ќе си замине, откако беше потврдено дека нема да го продолжи договорот.

Аргентинецот ќе има слободни документи и сигурно дека ќе биде интересен за многу европски клубови. Агуеро најчесто се поврзуваше со Барселона, меѓутоа сега во игра влегол и се уште актулениот италијански првак Јувентус.

Наводно „старата дама“ веќе испратила официјална понуда, а станува збор за двегодишен договор.

Агуеро е најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити со постигнати 257 голови на 385 натпревари.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.