Тренерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард е избран за менаџер на годината во шкотската Премиер лига.
Британските медиуми пренесуваат дека во изборот за тренер на годината, легендарниот Џерард се најде пред Калум Дејвидсон, Стив Кларк и Дејвид Мартиндејл.
Поранешниот англиски репрезетантивец бележи одлични резултати на клупата на Ренџерс на кого сезонава им ја донесе првата шампионската титула по пауза од една деценија.