Стварно е „Greek Freak“: Цел меч промашуваше, па „полуде“ и ја донесе победата на својот тим! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Милвоки Бакс ги совладаа Портланд Треил Блејзерс (137-129), благодарение на бруталното издание на нивниот најдобар кошаркар Јанис Адетокумбо кој имаше трипл-дабл (24 поени, 19 скокови и 15 асистенции).

За грчкиот репрезентативец ова беше рекорден број на асистенции во НБА лигата, а на тоа влијаеше неговиот лош шут. Имено тој погоди само 33 проценти од шутевите (9 од 27 за два, 1 од 7 за три).

„Не можев да го пронајдам својот офанзивен ритам. Ги промашував шутевите, па се обидов со асистенции да помогнам“, изјави Јанис.

Портланд овој меч го играше без својата прва ѕвезда Демијан Лилард, кој поради повреда не играше на овој меч. Новиот играч на Треилблејзерси, Кармело Ентони потсети на своите најдобри денови, а мечот го заврши со учинок од 18 поени, седум скокови и четири асистенции.

Најдобар стрелец кај Бакси беше Ерик Бледсо кој мечот го заврши со 30 поени, а во редовите на Блејзерси најдобар беше Си Џеј Меколум (37 поени, шест скокови и 10 асистенции).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .