Станковиќ му одстапува напаѓач од Црвена Звезда на својот другар Пандев!

Осман Маронг од Гамбија ќе го предводи нападот на Академија Пандев во следната сезона. И тоа откако Дејан Станковиќ, стратегот на Ц. Звезда инаку голем пријател и некогашен соиграч од Интер на Горан Пандев, одлучи напаѓачот на српскиот шампион да дојде на позајмица во Струмица.

Се разбира дека ова ќе биде големо засилување за “пандевци“ во настапите во следната сезона во шампионатот на Македонија.

Кога сме кај Маронг, да кажеме дека Гамбиецот има 22 години, во Ц. Звезда дојде во јули 2019 година и беше праќан на позајмица во неколку клубови, како Графичар, Хапоел Раана, сега дојде ред да игра и за Академија Пандев.

Може да игра на повеќе позиции во нападот, а добро се снаоаѓа и како преден играч за врска.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .