Каролина Плишкова синоќа беше фантастична во полуфиналето на Вимблдон каде што ја совлада фаворизираната Арина Сабаленка, па во финалето ќе се судри со Австралијката, Ешли Барти.
Инаку, Плишкова и Сабаленка мечот го почнаа и завршиа со ас, а севкупно двете тенисерки заедно имаа 32 аса. За женска конкуренција тоа е огромен бро, воедно и рекорд на еден меч. Белорускињата имаше 18, додека Чехињата 14 аса.