Српскиот гигант повторно во проблеми: УЕФА по којзнае кој пат го казни Партизан!

Еден од најголемите клубови на овие простори, белградски Партизан повторно е казнет од УЕФА. Се чини дека „црно – белите“, не можат ниту еден европски натпревар да го поминат без казна.

Интересно, европската куќа на фудбалот ги казни Србите за натпреварот против АЗ Алкмар кога беа бодрени од деца. Причина за казната е фрлање на предмети од страна на публиката во терен, а Партизан ќе треба да плати 5.125 евра.

„Црно – белите“ на тој натпревар одработуваа казна поради расизам, па на трибините беа присутни само деца до 14 години. Клубот од Белград веќе ја одработи казната од два натпревари играње без публика, а останува да видиме дали имало пропусти во натпреварот против Манчестер јунајтед.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .