Сребро за Македонија, Георгиевски олимписки вицешампион!

Дејан Георгиевски влезе во историјата на македонскиот спорт со освојувањето на сребрениот медал во таеквондо до 80 килограми, откако во финалето на Олимписките игри во Токио беше поразен од Русинот Владислав Ларин (15-9) кој важеше за голем фаворит пред почетокот на натпреварувањето.

За двајцата ова беше најтешка борба од почетокот на ОИ, па сигурно е и дека во иднина ќе се судираат во финалињата на континенталните натпреварувања. Георгиевски и покрај поразот, ја направи горда Македонија и дефинитивно е светла иднина пред него.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .