Србин ќе биде првото засилување за Лампард во Челси?

Челси сезоната во Премиерлигата ја почна одлично. „Сините“ во моментов се наоѓаат на третата позиција на табелата, а нивниот тренер Френк Лампард веќе размислува за следните засилувања.

Потсетуваме, клубот од „Стемфорд бриџ“ има забрана за ангажман на нови играчи поради кршење на правилата, но на 20. ноември ќе биде сослушана нивната жалба. Ако биде усвоена, Челси ќе има дозвола за нови засилувања.

Лампард како прво засилување сака да го донесе српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ- Савиќ пишуваат англиските медиуми. „Сините“, за фудбалерот од средниот ред ќе водат жестока битка со Манчестер јунајтед, кој исто така е заинтересиран за Србинот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .