Србин му зададе ОГРОМНИ проблеми на Новак: Светскиот број 1 се пласираше во осминафиналето!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ со победа се врати по убедливиот пораз од Рафаел Надал во финалето од Ролан Гарос.

Новак потешко од очекувањата се пласираше во осминафиналето на турнирот во Виена, откако го совлада сонародниот Филип Крајиновиќ со 7:6, 6:3.

Крајиновиќ беше одличен во првиот сет. Имаше две водства од 5-3. Прво во гемови, па во тај – брејк, но класата на Ѓоковиќ повторно дојде до израз. Вториот сет беше далеку полесен за првиот фаворит на турнирот.

На Новак му е потребна уште една победа за да и официјално ја заврши годината како првопласиран на АТП листата, а во осминафиналето ќе се судри со хрватскиот тенисер Борна Чориќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .