Срамота: УЕФА со смешна казна за Бугарија

Светската фудбалска јавност беше шокирана пред неколку недели, кога на натпреварот помеѓу Бугарија и Англија одигран во Софија, имаше расистички извици. Со право сите очекуваа драстична казна за Бугарите, сепак сега следуваше уште еден шок.

Денеска УЕФА ја соопшти казната и таа во најмала рака е смешна. Имено, нашите соседи се казнети со два натпревари без публика, од кои вториот е условен. Тоа значи дека на натпреварот против Чешка трибините ќе бидат празни, а доколку се повтори вакво нешто во следните две години ќе се активира и втората казна за натпревар без публика. Освен оваа казна, Бугарите ќе треба да платат и 80.000 евра.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .