Срамота! Првиот човек на Примера заработил дури 3,5 милиони евра во сезоната на најголемата криза!

Првиот човек на двете најсилни фудбалски лиги во Шпанија, Примера и Сегунда, Хавиер Тебас, инкасирал неверојатни 3.440.000 евра за сезоната 2019/20 и покрај пандемијата предизвикана од корона – вирус кој во еден момент дури го прекина фудбалот во оваа земја.

Фиксниот дел на Тебас изнесува 2.100.000 милиони евра, а според договорот има и бонус од 1.330.000 милиони евра, што е и тоа како голема сума во моментот кога сите клубови во Шпанија од првата и втора лига ги кратат трошоците за да ја издражат најголемата финансиска криза.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .