Спортскиот директор на Барса: Нејмар се уште е опција за нас

Шпанскиот првак Барселона, минатото лето направи се што е во нејзина моќ за да го врати на „Камп ноу“ бразилскиот репрезентативец Нејмар. Напаѓачот во 2017. година ги напушти Каталонците, а при крајот на минатата сезона пројави желба за да се врати во редовите на „блауграна“.

Спортскиот директор на клубот Ерик Абидал во изјава за медиумите кажа дека Нејмар се уште е опција за Каталонците.

„Тој е врвен играч кој ја има филозофијата на Барса и кој настапува на високо ниво. Нејмар секогаш ќе биде опција за нас. Ако продолжи да игра на ова ниво тој ќе биде нашата главна мета“, изјави Французинот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .