Спалети одби да се поздрави со тренерот на Спартак Москва (ВИДЕО)

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети им објасни на новинарите зошто не сакаше да се поздрави со тренерот на Спартак од Москва, Руи Виторија, откако неговиот тим беше поразен од Русите во Лигата на Европа.

Имено, Виторија после натпреварот тргна да се поздрави со Италијанецот, кој ги подигна двете раце и покажа дека е свесен на гестот, но нема намера да се поздрави.

„Не ме поздрави пред натпреварот, тогаш се ракувате со противничкиот тренер, а не на крајот само затоа што сте победиле“, разочаран беше Спалети.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.