Спалети воодушевен од Елмас: Тој е феномен, знам на која позиција ќе игра

Новиот тренер на италијанскиот калчолигаш Наполи, Лучијано Спалети има високо мислење за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Поранешниот тренер на Лацио, Интер, Зенит, смета дека Елмас има многу карактеристики и дека може да игра на повеќе позиции.

„Не можете да ги разберете карактеристиките на Елмас, зашто ги има премногу. Зашто може да го користите каде сакате. Елмас е фудбалер кој буквално може да игра каде сакате. Ние пред себе имаме нешто навистина исклучително, кога ќе ги погледнете сите негови квалитети и карактеристики. Веројатно се соочуваме со феномен. Тој е важен играч за кого јас многу добро знам каде ќе биде во тимот. Мислам дека најдобро ќе биде да е вистински фудбалер за врска, зашто секогаш е поврзан со топката, иако се чувствува добро во секоја улога“, изјави Спалети.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.