Со пораз започна ерата на Еурофарм Пелистер

По неколку месечни преговори конечно дојде до договор помеѓу Еурофарм Работник и општина Битола, па така се фузираа двата битолски суперлигаши, Пелистер и Еурофарм Работник. Првиот натпревар под името Еурофарм Пелистер започна со пораз од Загреб кој победи минимално (27-28).

Во првото полувреме доминираа Хрватите кои го добија со четири гола разлика (12-16). Битолчани заиграа подобро во вториот дел и ја намалуваа предноста на еден гол. Во последните пет минути се играше „гол за гол“, сепак избраниците на Веселин Вујовиќ го издражаа притисокот и стигнаа до конечен триумф.

Кај домаќините најдобри беа Острушко со седум и Ѓукоќ со пет гола, додека играчот на натрепварот беше ракометарот на гостите Хорват кој постигна десет погодоци без ниту едно промашување.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .