Состојбата во Барса е АЛАРМАНТНА: Го продаваат Тер Штеген во Баерн поради кризата!

Еден од најдобрите голмани на денешницата, Марк Андре тер Штеген би можел да ја напушти Барселона и покрај фактот што договорот со Каталонците му истекува дури во 2025. година.

Имено, порталот „Todo Fichajes“ тврди дека Барса сериозно размислува својата „единица“ да ја продаде на Баерн Минхен за 80.000.000 евра поради тешката финансиска криза во која се најде.

Шампионот на Европа во Тер Штеген гледа замена за Мануел Нојер кој веќе има полни 34 години, а интересно е тоа што двајцата се репрезентативни колеги.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .