Соопштение на КФМ: Одложено колото во Првата лига!

Кошаркарската федерација на Македонија објави соопштение во кое го објасни одложувањето на 4. коло од Првата лига, поради настап на мак – клубовите во регионалните лиги.

„Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари. Колото број 4 се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени кола од Првата лига-мажи се поместуваат“, велат од КФМ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .