Солскјер се спаси: Јунајтед го освои „Гудисон парк“! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед запиша важни три бодови на гостувањето кај секогаш опасниот Евертон (1-3). „Ѓаволите“ со пресврт стигнаа до победата и така го спасија менаџерот Оле Гунар Солскјер од отказ по ужасниот старт на сезоната во Премиер лигата.

Бернард ги доведе „карамелите“ во водство во 19. минута, но Јунајтед со двата гола Бруно Фернандеш направи пресврт за 13 минути по примениот погодок. Точка на натпреварот стави Единсон Кавани со дебитантскиот гол во 95. минута.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .