Соиграч на Пандев со шокатно тврдење: „Короната е создадена во лабораторија, нема врска со животни“!

Соиграчот на Горан Пандев во Џенова, повремениот италијански репрезентативен голман, Матија Перин тврди дека корона – вирусот е создаден во лабораторија и дека нема никаква врска со животните.

Инаку, Перин беше еден од првите заразените фудбалери во Серија А.

„Јас не го инфицирав италијанскиот фудбал. Сега можете да фатите корона било каде, во такси, во лифт…Уверен сум дека е создаден во лабораторија и дека животните не го пренеле. Тоа се луѓе без совест. Страв? Ние спортистите сме хипхондори, нашето тело е алат со кој заработуваме за живот и секогаш се стремиме за перфекција. Но, ако ги земете во предвид повредите, не е исто како да сте болни. Овој вирус е нешто друго, не е класична настинка, ова е непознат противник“, кажа Перин.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .