Совршен ден за Реал: Три бода, повратничка „бомба“ на Азар, но и јубелеј на Рамос! (ВИДЕО)

На стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, шпанскиот првак Реал стигна до лесна победа против Хуеска со 4-1 во 7. коло од шпанската Ла Лига.

Вакво нешто му требаше на Реал Мадрид. Лесна победа по жестоките борби кои ги имаше во минатите четири натпревари кои ги заврши со една победа, еден нерешен резултат и два порази.

Кам – бек како во соништата имаше скапо платениот Еден Азар кој со феноменален погодок се врати по три месечната пауза поради повреда. Освен Белгиецот во листата на стрелци се запиша и Карим Бензема кој два пати стрелаше, а еден гол постигна Валверде. Почесниот гол за гостите го постигна Фереиро.

Освен по победата овој меч ќе остане запаметен и поради големиот јубилеј на капитенот на мадридскиот клуб, Серхио Рахос за кого ова беше 500. меч во кариерата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .