Словенците сакаат да го сменат селекторот затоа што ги „тероризирал“

Фудбалските репрезентативци на Словенија до 21 година побараа да биде сменет селекторот Промож Глига, а во писмото до челниците на федерацијата до детал напишаа што му замеруваат на шефот на стручниот штаб.

„Не навредува константно, трениравме без загревање, никогаш го немаме анализирано противникот и не се подготвуваме за натпреварите. Не смееме да спиеме за време на долгите патувања, не смееме да ги прославуваме головите.

Еднаш не натера да ручаме мусли и јогурт прет натпреварите. Ни забрани да ги користиме мобилните телефони и ТВ, а вратата од собите мораат да бидат отворени. Ги провалуваше собите кога ќе се заклучевме, а друштвени игри можевме да играме само за пари“, се вели во писмото на младите репрезентативци.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .