Славија Прага со шок – реми против Арсенал, луд пресврт на Рома во Амстердам, Јунајтед рутински (ВИДЕО)

Фудбалерите на чешкиот гигант Славија од Прага вечерва стигнаа до позитивен резултат на гостувањето кај Арсенал во Лондон, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа (1-1).

„Топчиите“ имаа големи проблеми со играчите на Славија, а во водство дојдоа дури во 86. минута. Сепак, клубот од Прага не се откажа и со голот на Холеш во 94. минута стигнаа до реми.

За поголемиот дел од фудбалската јавност, дербито на вечерта се одигра во Амстердам, каде што Ајакс забележа пораз од Рома (1-2). Холанѓаните имаат за што да жалат, беа подобар противник, промашија и пенал, а „римската“ волчица ги казни промашувањата преку Пелегрини и Ибањез.

Вечерва најлесно дефинитивно пројде Манчестер јунајтед кој ја искористи фаворитската улога на гостувањето кај Гранада која ја совлада со головите на Рашфорд и на Бруно Фернандеш, па „ѓаволите“ речиси сигурно се во полуфиналето.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.