МЗТ Скопје Аеродром го освои десеттиот трофеј во Купот на Македонија. „Металците“ вечерва во финалето на „Блгагоја Георгиевски – Буштур“, одржан на „Кале“ го совлада вечниот ривал Работнички со 77-69.
МЗТ заслужено стигна до трофејот, избраниците на Дарко Радуловиќ водеа во текот на целиот натпревар, а прв стрелец беше капитенот и најдобар играч во историјата на клубот Дамјан Стојановски, кој мечот го заврши со 19 поени и пет скокови.
Бојан Крстевски го следеше со 16 поени и четири скока, додека кај „црвено – белите“ предводник беше Иван Аска, кој мечот го заврши со 20 поени и 12 скокови.