Скопска „бомба“ каква што немало до сега: Браќата Њокас одиграа еден меч против Вардар, па „црвено – црните“ го „украдоа“ од Металург!

Пред само неколку месеци, суперлигашот од Автокоманда, Металург се пофали со ангажманот на браќата Њокас, Оливие и Кевин кои и одиграа еден меч за „металурзите“ против Вардар, кој сосема неочекувано потпишаа за „црвено – црните“ и сезонава место за Металург ќе играат – за Вардар!

СООПШТЕНИЕТО НА ВАРДАР ЗА ТРАНСФЕРОТ НА БРАЌАТА ЊОКАС:

„Двајца француски нтернационалци и поранешни репрезентативци сезонава ќе играат за Вардар1961. Браќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас потпишаа едногодишни договори со „црвено-црните” и веќе се приклучија на тренинзите.

Веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата се пријавени за домашното првенство и во ЕХФ за настап во лигата на шампионите. Со ангажирањето на браќата Њокас се засилува конкуренцијата на бековската позиција во Вардар.

Кевин Њокас игра на позиција на лев бек, додека Оливер игра на позицијата десен бек. Професионалната играчка кариера ја започнуваат во редовите на ПСЖ, а потекнуваат од школата на Монтгерон.

Оливие има 32 настапи и 69 гола за француската репрезентација и златен медал од СП 2017 година во Франција. Тој лани играше во францускиот Нант. Има златен медал од СП 2017 и сребро од Олимпијадата во 2016 година. Кевин последниве три сезони играше во Бенфика, на позицијата десен бек, а во својата кариера има играно уште за францускиот Кретеј и бундеслигашите Гепинген и Гумерсбах.За репрезентацијата на Франција има 41 настап и 57 голови, два златни медали од ЕП 2014 и СП 2015 година“, велат од Вардар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .