Скандал во Италија: Лацио лажирал корона тестови – ќе биде исфрлен од Серија А!?

Италијанскиот великан Лацио се наоѓа пред исфрлање од Серија А поради тоа што лажирал корона тестови пред епскиот меч против Торино, пренесуваат медиумите од Апенините.

Според информациите проблематични се тестовите на Чиро Имобиле, Лукас Леива и голманот Стракоша кои не настапија против Клуб Бриж во второто коло од Лигата на шампионите затоа што беа позитивни, но и покрај тоа настапија во елитната италијанска лига, викендов на гостувањето во Торино.

Меѓутоа, сега УЕФА им забранила да патуваат денешното гостување кај рускиот великан Зенит, затоа што тројцата се уште се позитивни на корона – вирус, а овој податок напрaви голем скандал во Италијан.

Угледната „La Gazzetta dello Sport“ тврди дека римскиот клуб ќе биде жестоко казнет. Дисциплинската комисија при ФФ на Италија го истражува случајот и веќе е јасно дека Лацио се терети за кршење на корона – протоколот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .