Манчестер сити се подготвува за голем ремонт и покрај одличната сезона, тврди угледниот англиски медиум „Athletic“.
Европскиот вицешампион е подготвен да ангажира две големи ѕвезди, но прво ќе продаде дури осум фудбалери, од кои осум – играа во финалето на ЛШ!
Станува збор за Рахим Стерлинг, Ријад Марез, Бернард Силва, Габриел Жезус, па Лапорте, Жоао Кансело, Родри и Бенџамин Менди.
Со парите од нивната продажба, „граѓаните“ ќе тргнат во офанзива по англиските репрезентативеци Џек Грилиш од Астон вила и првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн. Напорно лето е пред клубот од „Етихад“, а како составоте на Пеп Гвардиола ќе изгледа следната сезона, останува да видиме.