Сити победи, но Гвардиола има причини за загриженост – реализацијата е НИКАКВА! (ВИДЕО)

Манчестер сити победи на гостувањето кај сезонава катастрофалниот Шефилд јунајтед. Победата на „граѓаните“ им ја донесе десниот бек Кајл Вокер со погодокот во 28. минута.

Сепак, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола има големи главоболки, поради – реализацијата. Шпанецот мора нешто да направи во врска со нападот, каде и денеска немаше на располагање ниту еден напаѓач.

Клубот од „Етихад“ имаше повеќе од игра, имаше и многу шанси, но не успеа да постигне уште некој погодок, а Шефилд не го искористи тоа, иако имаше неколку опасни шанси.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .