Сити владее со Лига купот: Лапорт го сруши Тотенхем за четврти трофеј во низа! (ВИДЕО)

Манчестер сити по осми пат во својата историја, четврти пат во низа го освојува Лига Купот на Англија откако вечерва на „Вембли“ со голот на Лапорт во 82. минута го совлада Тотенхем (1-0).

Францускиот дефанзивец одлично се одрази по еден корнер на Сити и со глава го матираше сонародникот Лорис.

За избраниците на Пеп Гвардиола ова е прв трофеј сезонава, додека прашање на време е кога ќе ја официјализираат титулата во Премиер лигата, а играат и во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.